Kemal Zorlak
11 Декември 2015•Ажурирај: 12 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Членот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ и членот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ кои престојуваат во службена посета на Турција, се сретнаа денеска во Анкара со турскиот премиер Ахмет Давутоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
По задничкото фотографирање за медиумите, состанокот е продолжен зад затворени врати.
Човиќ и Изетбеговиќ денеска ги прими и претседателот на Големото народно Собрание на Република Турција Исмаил Кахриман. Исто така и овој состанок се одржа зад затворени врати за медиумите.
Членот на Претседатлството на БиХ Драган Човиќ и членот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ пристигнаа вчера во службена посета на Република Турција, а во Анкара ги прими турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.