Halil Fidan
28 Мај 2021•Ажурирај: 30 Мај 2021
ИЗМИР (АА) - Блескавите посматрачи, фламингата, почнаа да се враќаат на вештачкиот остров во западна Турција, изграден како место за инкубација на своите розови посетители.
Сместен на устието на реката Гедиз во една од најголемите делти во Источниот Медитеран, островот со површина од околу еден и пол акри е едно од двете турски места за размножување на фламингата.
Згрижени на островот, фламингата додека се хранат, одмораат и се додворуваат едни на други за време на нивната годишна сезона на размножување по долгиот лет, создаваат прекрасни глетки на делтата на Гедиз, додека нејзините води се влеваат во Измирскиот Залив на егејскиот брег на Турција.
Делтата, која е под заштита во рамките на Рамсарската ковенција, како Заштитена област на дивиот животински свет и Природно заштитено подрачје и која е на списокот да биде прогласена за светско наследство на УНЕСКО, е домаќин на приближно 300 вида птици.
Џелал Мурат Асланапа, теренски инженер во прибежиштето за птици, каде што се наоѓа островот, за Агенција Анадолија изјави дека мобилноста на птиците во регионот се зголемила со затоплувањето на времето.
„Од сите видови птици во делтата Гедиз, најмногу се застапени фламингата“, истакна тој.
„Розовата боја на фламингата, која ги прошарува небото и површината на водата на зајдисонце, нуди прекрасен поглед врз подрачјето, познато и како Рај на птиците во Измир“, рече Асланапа.