Leyla Ataman Koyuncuoğlu
30 Септември 2018•Ажурирај: 30 Септември 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Турското летувалиште Анталија, кое е меѓу најпосакуваните дестинации на туристите од светот, досега оваа година го посетија повеќе од 11 милиони туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Дирекцијата за култура и туризам на областа Анталија, во периодот од 1 до 29 септември, на аеродромите „Анталија“ и „Газипаша“ слетале 1.877.528 странски туристи. Споредено со истиот период минатата година, бројот на странски туристи е зголемен за 25 отсто.
За периодот 1 јануари - 29 септември, на двата аеродроми во Анталија слетале 11.004.809 странски посетители. Од нив 10.717.009 слетале на аеродромот „Анталија“, додека 287.800 на аеродромот „Газипаша“. Споредено со истиот период минатата година, зголемен е бројот на странски посетители за 28 отсто.
Анталија оваа година во однос на 2017 година ја посетиле 2.416.574 повеќе туристи.