Barış Gündoğan
18 Јуни 2022•Ажурирај: 19 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Девет припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во рамките на операцијата „Канџа-катанец“ спроведена во северниот дел на Ирак, известува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Туркије објави дека во рамките на операцијата „Канџа-катанец“, што успешно се спроведува во северниот дел на Ирак, неутрализирани се 9 припадници на терористичката организација ПКК.
Од турското Министерство порачуваат дека операцијата одлучно продолжува.