Burak Dağ
14 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
КОЏАЕЛИ (АА) - Турската полиција фати седум илегални мигранти во северозападната област Коџаели, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите против криумчарење на Дирекцијата на полицијата во областа запреа автобус за време на сообраќајната контрола на Автопатот „Анадолија“.
При претресот задржани се мигранти од Авганистан, кои влегле во земјата илегално.
Приведени се и двајца трговци со луѓе.
Турција е главна транзитна рута за илегалните мигранти кои имаат за цел да преминат кон Европа за да започнат нов живот, бегајќи од војна или прогон.