Ahmet Bayram
27 Април 2021•Ажурирај: 28 Април 2021
МАНИСА
Турските безбедносни сили денес изведоа операции во четири области и приведоа 10 припадници на ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обвинителите во западната област Маниса издадоа налози за приведување на осомничените терористи, соопшти извор кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Припадниците на ПКК беа фатени во операцијата во Маниса поддржана од полицијата во областите Ајдин, Измир и Ван.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.