İrfan Aydoğdu
23 Март 2016•Ажурирај: 24 Март 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Турската полиција во Газиантеп уапси јапонски државјанин кој е осомничен дека се обидел да и се приклучи на терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван претставник за АА рече дека турските сили за безбедност во контекст на анти-терористички операции во југоисточна Турција, особено во зона долж границата со Сирија вршат засилена контрола на возила на патиштата и во градовите.
Жандармеријата во овие операции го уапси 24-годишниот ММ кој е државјанин на Јапонија осомничени дека во Турција пристигнал за да се приклучи на ДАЕШ.
При проверката на мобилниот телефон на уапсениот Јапонец беше утврдено дека подолго време комуницирал со еден член на ДАЕШ во Сирија.
Осомничениот кој е државјанин на Јапонија по налог на дежурниот судија е предаден на Дирекцијата за работа со мигранти во Газиантеп, а по завршувањето на неопходните постапки во согласност со законските мерки, ќе биде депортиран од Турција.