Burcu Çalık
16 Август 2019•Ажурирај: 18 Август 2019
АНКАРА (АА) – При воздушните операции на Турските вооружени сили (ТСК) во регионот Зап во северен Ирак, во рамките на операцијата „Канџа“, уништени се цели на терористичката организација ПКК користени како упоришта, засолништа и магацини за оружје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција објавено на Твитер се истакнува дека се реализирани воздушни операции во регионот Зап во северен Ирак, во координација со операцијата „Канџа“.
Во рамките на операциите, уништени се цели на сепаратистичката терористичка организација ПКК, користени како упоришта, засолништа и магацини за оружје.