Necmettin Karaca
27 Декември 2021•Ажурирај: 28 Декември 2021
ВАН
Водопадот Мурадије, природно чудо во областа Мурадије во Ван, делумно замрзна поради студеното време што го зафати регионот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Водопадот кој секое годишно го привлекува вниманието на илјадници домашни и странски туристи, во зимските месеци ги воодушевува посетителите со својот прекрасен изглед.
Во областа, температурата на воздухот се спушта до 18 степени под нулата. Дел од водопадот, што тече од околу 20 метри височина на потокот Бендимахи, замрзна поради студеното време.
Фоторепортерите и љубителите на природата кои дојдоа во регионот без оглед на студеното време, направија фотографии од уникатниот пејзаж.
Фоторепортерот Метин Акарсу во изјавата за дописникот на АА рече дека водопадот го посетувал во пролет и во лето, а сега и во зимскиот период.
Наведувајќи дека го фотографирале делумно замрзнатиот водопад, Акарсу рече: „Имавме можност да го фотографираме водопадот со нашите пријатели. Кадрите што ги направивме ќе бидат во нашите архиви. Водопадот Мурадије е едно од познатите места во Ван што мора да се види.“
Наставничката на деца од предучилишна возраст, Емине Галич Шенѓоз, наведувајќи дека почнала да го посетува курсот за фотографија, рече: „Денес дојдовме во водопадот Мурадије со моите пријатели курсисти. Летото е посебно убаво, зимата исто така е посебно убава. Ги чекаме сите љубители на природата.“