Ekip
08 Декември 2017•Ажурирај: 09 Декември 2017
АНКАРА (АА) – Во џамиите ширум Република Турција денеска е одржана молитва за Ерусалим, а имамите во текот на хутбето, порачаа дека турскиот народ секогаш бил со палестинските браќа и дека ќе биде и кога е во прашање заштитата на статусот на Кудс, јавува Anadolu Agency (AA).
Читајќи ја хутбата на Генералната дирекција за верски прашања на Турција, турските имами на денешната петочна молитва (џума намаз) цитираа делови од Куранот и ги читаа хадисите коишто укажуваат на важноста на Кудс и Ал-Акса за муслиманите.
„Благословен петок за вас, почитувани верници! Нашиот семоќниот Господ во суво стихот што го прочитав вели: „Возвишен е Неговата слава кој робот Свој ноќе го пренесе од Месџидул Харам до Месџидул Акса, чија околина Ние ја благословивме за да му покажеме некои од знаменијата Наши. Он, навистина, е Слушател и Гледач!“ Нашиот пејгамбер (с.а.в.с) во хадисот што го што го прочитав вели: „Може да се патува за обожување во овие три џамии: Меџид Ал-Харам, Месџи-и Небеви и Месџид Ал-Акса“, се вели во пораката.
„Браќа и Сестри! Кудс е нашето најмило. Ал Кудс е нашата непрестајна копнеж. Ал Кудс е град каде повеќе пророци страдале за каузата на тевхид. Градот со своето име и околине е свет и благословен. Кудс е Кудси Шериф. Познат и како Бајт-ал Макдис. Повеќе пророци како Абрахам, Јаков, Мојсеј, Соломон и Исус живееле во Кудс и во околните региони, кои биле лулка на повеќе цивилизации во илјадници години. Последниот свет гостин во Кудс беше нашиот Мухамед Мустафа (с.а.в.с) со настанот на Исра и Мираџ. Првата кибла на Ислам, Ал-Акса, е во Кудс", се истакнува во пораката за хутба.
„Кудс и Месџид Ал-Акса е добрата вест на нашиот пејгамбер што ни го довери на нас. Кудс е почесен град за кого секој верник е поврзан со своето срце. Кудс не е само едно парче земја. Кудс не е кауза само на тие кои живеат околу Палестина и Месџид Ал-Акса, тој е заедничка кауза на сите Муслимани и човештвото", се нагласува во пораката.
Се наведува дека Кудс постигна спокојство со освојувањето на Омер. „Муслиманите со долги години праведно владееја со Кудс. Тие го почитуваа животот, имотот и верувањата на секого. Всушност, дури и немуслиманите ја бараа правдата на исламот за споровите што ги имале меѓу себе. Но Кудс, Дар ес-Селам, центарот на спокојството, долго време е натажен и долги години крвари. Кудс денес е нашата рана што крвари, и болка која не престанува. Кудс е изложен на сите видови на напади и престана да биде градот на мирот. Оружјата продолжуваат да пукаат во градот на пророците. Невини луѓе се убиваат."
„Тие кои живеат во и околу Кудс се изложени на нехумани практики како што се угнетување, насислтво и изолација. Слободата на живот, верување и мислата се напаѓаат без милост, како и нивниот идентитет и карактер, достоинство и чест се зимаат како цел. Слобода на живот, верување и мислата на луѓето се напаѓаат без милост, како и нивниот идентитет и карактер, достоинство и чест се земени како цел. Иако неодамна верниците беа задржани настрана од Месџид Ал-Акса, денес тие се обидуваат да го окупират Кудс. Едно несовесно разбирање кое целосно го игнорира човештвото, античките традиции и меѓународното право, сега е во обид да го направи Кудс главен град на Израел. Нека се знае дека таквите непромислени напори би го претвориле Кудс и неговиот регион во земја на конфликти и нарушување. Таквите неприфатливи обиди се голем удар за здрав разум и совест на човештвото. Тоа е опасен чекор кон уништување на мирот, редот и безбедноста", стои во пораката.
„Човештвото страда од големи болки поради негативните случувања како насилството, угнетувањето, војната и миграцијата. Покрај тоа, ваквите напори против Кудс, далеку од предвидувањето и остроумност, без милост и совест, ги вознемирија сите со здрав разум. Нашата задача против сите овие е никогаш да не се согласиме на овие негативни случувања. Никогаш не треба да се толерира она што е погрешно и неправедно, каде и да е во светот и без оглед кој е жртва", се вели во пораката за хутба.
„Факт е дека има многу лекции што треба да се преземат од сите катастрофи, угнетувања и страдања што се изложени нашите браќа и сестри, исламската географија и човештвото. Дојдете, да го зајакнеме нашето братство на верата со свеста на умет колку што е можно побрзо. Дојдете да ги заштитиме достоинството и правата на едни други. Нека секој од нас работи со сета сила да се ослободиме од тешкотиите, болките и одвртувањата во кои се наоѓаме. Дојдете да ги живееме нашите верувања, нашите вредности и да ги научиме на идните генерации", се истакнува во пораката во која се укажува на важноста на Кудс и се истакнува:
„Нашата света нација никогаш не ги отсече и нема да ги отсече врските на љубовта со Кудс, Месџид Ал-Акса и нашите угнетувани палестински браќа и сестри низ историјата. Со ова во нашите мисли, ние ги отвараме нашите раце кон нашиот Господ во ова време во петокот и бараме: О Госпеде! Направи не меѓу оние муслимани кои ја чувствуваат болката на сите свои угнетени браќа и сестри во светот и користат се што имаат за да им помогнат материјално и духовно! Не не прави од оние што немаат предвидливост, остроумност, совест и оние што угнетуваат."
„О Господе! Не дозволувајте им на оние кои се обидуваат да ги нападнат Кудс и исламските градови, оние кои носат неред и саботираат мир под маската за подобрување! Прифати ги нашите молитви за доброто на овој свет петок", се порачува во прочитаната хутба.