Meltem Yılmaz
23 Септември 2017•Ажурирај: 24 Септември 2017
ТРАБЗОН (АА) - Едно од омилените места на оние кои бараат одмор во вистинска природа, секако е езерото Сера во Трабзон, сместено во северниот дел на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Езерото се наоѓа во источниот дел на црноморскиот регион, а го посетуваат и во неговата убавина уживаат како странските така и туристите од Турција.
Тоа настанало во 1950 година по лизгање на земјиште во подрачјето на Акчаабат. Во 2010 година е прогласено за парк на природата.
Поради близината на центарот на градот, но и преубавото природно опкружување и чистата вода, езерото со време стана многу популарно за сите оние кои излезот од секојдневието го бараат во природата.
Градоначалникот на Трабзон, Орхан Февзи Ѓумрукчуоглу, за АА изјави дека езерото Сера е едно од важните природни, но и туристички атракции во тоа подрачје.
Ѓумрукчуоглу изјави дека езерото поприма некоја посебна убавина во есен и истакна дека градот прави се за да го подобри туристичкиот потенцијал на подрачјето.
Ѓумрукчуоглу истакна дека е видлив напедокот кога е во прашање туризмот на езерото Сера. До сега во околинат ана езерото се изградени делови за кампирање, детски игралишта, ресторан, паркинг, но и останати угостителски објекти.