İlkay Güder
26 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во разговорот со британската премиерка Тереза Меј порача дека во операцијата „Маслинова гранка" се посветува исклучително внимание со цел на локалното население да не му биде нанесена штета, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од извори блиски на Кабинетот на турскиот претседател, Ердоган и Меј разговарале за последните случувања во Сирија, односно операцијата Маслинова гранка која Турција ја покрена на северот на Сирија, со цел елиминирање на терористички елементи.
Ердоган рече дека Турција оваа операција ја спроведува врз основа на меѓународно право, односно се повикува и на член 51. од Договорот на ОН, поточно правото на самоодбрана.
Турскиот претседател британската премиерка ја информираше за случувањата на операцијата која влегува во седми ден и нагласи дека се посветува исклучително внимание за во текот на операцијата на локалното население да не му биде нанесена штета.
Подвлече дека операцијата „Маслинова гранка" има за цел регионот на Африн во потполност да го исчисти од елементите на ПКК/ПЈД и ДЕАШ.
Премиерката Меј, во текот на телефонскиот разговор, истакна дека Турција има важна улога во иницијативите за воспоставување на стабилноста во Сирија. Порача дека нејзината земја го цени придонесот на Турција во борба против ДЕАШ, како и напорите оваа терористичка организација да биде поразена.
Двајцата лидери се согласија двете земји во процесот за изнаоѓање на решение за сириското прашање да бидат во блиска соработка.