Vakkas Doğantekin,Beyza Binnur Dönmez
22 Март 2019•Ажурирај: 23 Март 2019
АНКАРА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека Израел нема никакво право во Голанската Висорамнина, јавува Anadolu Agency (AA).
„ОН ратификуваше резолуции во врска со Голанската Висорамнина, според кои Израел нема никакво право на Голанската Висорамнина“, истакна Ердоган за време на изборен митинг во Коња.
Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) ја ратификуваше нацрт-резолуцијата против окупацијата на Израел врз Голанската Висорамнина, која го повикува Израел да ги почитува сите резолуции на ОН.
Нацрт-резолуцијата против Израел беше ратификувана со 26 гласа „за“ и 16 „против“, додека 5 членки беа воздржани.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на Твитер напиша дека веќе е време за САД целосно да ја признае сувереноста на Израел врз Голанската Висорамнина.
Израел одамна го поттикнува Вашингтон да го признае неговото тврдење над територијата што ја заплени од Сирија за време на Шестдневната војна во 1967 година.
Израел окупира околу две третини од пошироките Голански Висорамнини како де факто резултат на конфликтот. Израел потоа формално ја анектираше оваа територија во 1981 година, чекор кој во тоа време едногласно беше одбиен од страна на Советот за безбедност на ОН.
Исто така, во Резолуцијата се наведува дека Израел треба да им дозволи на Сиријците во Голанските Висорамнини да ги посетат роднините во нивната татковина, да се овозможи пристап во регионот за меѓународните организации, и да се ослободат сите сириски затвореници, вклучувајќи ги и тие кои се држени веќе 30 години во израелските затвори.