Ali Atar
31 Јули 2020•Ажурирај: 01 Август 2020
ШИРНАК (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше телефонски со турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, и притоа им го честита Курбан бајрам на турските војници кои се на должност на планината Џуди, во Ширнак, југоисточна Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Благодарение на нашите безбедносни сили и борбата што одлучно ја водат, тие подрачја ги претворија во мирни места. По тој повод ви го честитам на сите Курбан бајрам“, рече Ердоган.
Министерот Сојлу, кој утрово со хеликоптер пристигна на планината Џуди за да ги посети војниците по повод празникот, во текот на разговорот со Ердоган рече дека тие подрачја станале мирни и стабилни благодарение на турските војници кои на најдобар начин ја вршат својата работа.
Ердоган изрази благодарност до сите припадници на Турските вооружени сили и до сите старешини за напорите кои ги вложуваат за заштита на својата татковина.
„Нека Алах го сочува ова наше единство и слога“, рече Ердоган.
Муслиманите низ светот, поради глобалната пандемија на коронавирусот, во посебни услови го дочекаа првиот ден од Курбан бајрам.
Во џамиите во земјите низ светот верниците кои дојдоа на бајрамска молитва ги почитуваа епидемиолошките мерки воведени со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
Затоа, џамиите не беа вообичаено полни, како во претходните години. Меѓу другите, мерките кои се почитуваа во џамиите се почитувањето на физичката дистанца, користењето заштитни маски и сопствени простирки за молитва (сеџаде) и земање абдест дома.