Ferdi Türkten
24 Март 2018•Ажурирај: 25 Март 2018
САМСУН (АА) - Претседастелот на Турција Реџеп Таип Ердоган, денеска од турскиот град Самсун порача дека никој на турската војска и држава не може да и каже дека врши инвазија на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA)
Претседателот Еродган денеска престојуваше во градот Самсун, сместен во северниот дел на Турција, каде имаше свое обраќање на конгресот на Партијата за правда и развој (АК партија). Во таа прилика тој се осврна и на актуелните случувања. Во фокусот на турскиот претседател беа случувањата во Сирија.
„Никој за Турција, ниту за нејзината армија не може да каже дека врши инвазија врз Сирија. Западот е оној кој даде најдобри примери за инвазиски операции", рече претседателот Ердоган.
Во своето обраќање претседателот Ердоган исакна: „Сите освен нас, таму се наоѓаат со различни намери и тактики. Бидејќи нашите браќа во регионот се свесни за овие факти, тие испратија пораки Турција да дојдат во Тел Рифат, Мунбич, Тел Абјад и Расулајн и во тие региони да донесе мир и стабилност. Ако даде Господ, ние ќе одговориме на нивните повици".