Ahmet Sait Akçay
30 Октомври 2016•Ажурирај: 31 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот Реџеп Таип Ердоган вчера изрази загриженост во врска со напредувањео на шиитската милиција кон градот Тал Афар во ирачката покраина Нинева, на 63 километри од Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на приемот по повод Денот на Турската Република, претседателот ги предупреди сите страни вклучени во влегувањето на милицијата Хашд Ал Шаби во Тал Афар велејќи: „Тал Афар е многу чувствително прашање за нас. Ние дефинитивно тоа (вклучувањето на милицијата) не го оценуваме позитивно во Тал Афар и Синџар. Јас веќе јасно им го кажав тоа на официјалните претставници“.
Тој додаде: „Тал Афар е целосно туркменски град, со половина шиитски и половина сунитски муслимани. Ние не ги делиме луѓето според нивната верска припадност, ние сите ги сметаме за муслимани“.
„Но, доколу Хашд ал-Шаби го тероризира регионот, нашиот одговор ќе биде поинаков“.
Анкара во неколку наврати предупреди за ризикот од конфликти меѓу различните деноминации ако им се дозволи влез на шиитските милиции во сунитски мнозинскиот град Мосул. Во другите делови на Ирак ослободени од ДЕАШ, како што се Фалуџа и Рамади, постоеја обвинувања за случаи на малтретирање сунитски цивили од страна на шиитските борци.
Во средата, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу нагласи дека Турција ќе ги преземе сите мерки на претпазливост дозволени со меѓународното право доколку Хашд ал-Шаби ѝ се закани на безбедноста на Турција во Тал Афар.
Туркменскиот народ е угнетуван откога ДЕАШ го окупираше Мосул и Тал Афар во 2014 година. Од почетокот на окупацијата, бројот на жители на Тал Афар нагло опадна од над половина милион на помалку од 50.000.