Seda Sevencan
07 Октомври 2021•Ажурирај: 08 Октомври 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција се стреми да ги заштити своите граѓани во услови на зголемени цени на енергијата низ целиот свет, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Правиме секаков вид напори за да ги заштитиме сопствените граѓани во време кога цените на енергијата се зголемија од два до петпати во целиот свет, особено во Европа“, рече Ердоган на продолжениот обласен конгрес на владејачката Партија за правда и развој (АК Партија).
Ердоган истакна дека од почетокот на пандемијата на Ковид-19, Турција ги одржува цените на енергијата, што се под државна контрола, на најниско можно ниво, субвенционирајќи го тоа по потреба, и продолжува да го прави истото.
Турскиот претседател нагласи дека Анкара работи и на склучување меѓународни договори кои ќе влијаат на цените на енергијата на начин најповолен за земјата.