İlkay Güder
04 Април 2018•Ажурирај: 04 Април 2018
АНКАРА (АА) - Трилатералниот самит за Сирија, на кој присуствуваат претседателите на Турција, Русија и Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, започна денес во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
По неуспешните обиди за мировни преговори во Женева, Турција, Русија и Иран покренаа заедничка иницијатива за решавање на сириската криза.
Првиот трилатерален самит на претседателите на трите земји беше одржан на 22 ноември минатата година во Сочи, а денес вториот таков состанок се одржува во Претседателската палата во Анкара.
На состанокот зад затворени врати присуствуваат и највисоки воени и политички официјални лица од трите земји.
Ердоган, Путин и Рохани по завршувањето на состанокот и работниот ручек ќе одржат и заедничка прес-конференција.
Се очекува во заедничката декларација учесниците на самитот да ја истакнат важноста од имплементирањето на договорот за прекин на судирите и зачувувањето на територијалната целост на Сирија.