Sibel Uygun
06 Февруари 2017•Ажурирај: 07 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Кон крајот на овој месец, Истанбул ќе биде домаќин на Светскиот туристички форум, на којшто ќе учествуваат двајца британски секретари за надворешни работи и Цукерберг, јавува Anadolu Agency (AA).
На форумот своj говор ќе има Ренди Цукерберг, извршна директорка и основач на „Цукерберг медиja“, и поранешна директорка на „Фејсбук“, како и поранешните британски секретари за надворешни работи, Џек Строу и Дејвид Милибенд, секретари во владата на Тони Блер.
Форумот ќе се одржи од 16. до 18. февруари.
„Глобалниот состанок на форумот во Истанбул ќе биде домаќин на голем број извршни директори од областа на индустријата, инвеститори и официјални лица од целиот свет“, истакна групата на својата веб-страница.