Güç Gönel,Şükrü Gündüz,Kaan Bozdoğan,İbrahim Halil Aktürk
02 Јануари 2021•Ажурирај: 04 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ
Тишина владее на вториот ден од полицискиот час во Истанбул, што започна во рамките на мерките против коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Поради полицискиот час, што започна во четвртокот во 21 часот и ќе трае до понеделник до 5 часот, улиците се пусти на двата континента.
Кадикој и Ускудар, кои пред воведувањето на мерките беа фреквентни во секој период, сега се празни.
Мал број граѓани купуваа од прехранбените продавници, пазари, пекарници и месарници на кои им било дозволено да останат отворени во текот на ограничувањата.
Полициските тимови ги прегледуваа возачките и патничките дозволи на одредени места низ Истанбул. Општинските тимови, исто така, изведуваа работи за чистење и за инфраструктурата на улиците и плажите.
Познатиот истанбулски дел Еминону угости туристички групи во полицискиот час. Туристите се фотографираа пред градските знаменитости.