Zafer Fatih Beyaz,İsmet Karakaş
07 Септември 2016•Ажурирај: 08 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на истрагата за терористичката организација Фетулачи (ФЕТО), турското државно обвинителство во Анкара издаде налог за приведување на вкупно 105 лица, главно воени лица кои се гонат за поврзаност со таа организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Одделението за истраги на кривичните дела на кршење на уставот спроведува истрага за таканаречените „имами на силите на ФЕТО во војската на Турција", како и војниците кои се поврзани со таа организација.
Вршителот на должноста на главниот обвинител, Наџип Џем Исчимен издаде налог за лишување од слобода на вкупно 105 осомничени лица во 17 турски покраини. Налогот е проследен до надлежните органи, и операцијата на приведување е во тек.
Терористичката организација ФЕТО се товари за низа кривични дела во Турција, вклучувајќи прислушувања на највисоките официјални претставници и обид за соборување на легалната и легитимна турска власт со посредство на припадниците на таа организација кои во изминатите години тајно се инфилтрирале во сите институции на Турција.
Станува збор за терористичка организација којашто е предводена од Фетула Ѓулен, а која со подсредство на своите поданици во турските вооружени сили, на 15 јули се обиде да изврши и воен удар во Турција. Потоа во Турција се интензивирани истрагите за таа терористичка мрежа против која веќе се започнати низа судски постапки.