Handan Kazancı
23 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Вкупно 116 терористи им се предадоа на Турските безбедносни сили во 2020 година, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението Министерството истакнува дека полициските и жандармериските сили продолжуваат без прекин со кампањата за убедување на припадниците на сепаратистичките терористички организации да се предадат.
„Само денес на Турските безбедносни сили им се предадоа шест терористи“, се додава во соопштението.
Во него не е наведено на кои терористички организации им припаѓаат терористите, но југоисточниот дел на Турција од одамна бележи терористичка активност на ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.