Cemil Murat Budak,Serdar Açıl
31 Август 2020•Ажурирај: 01 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Како дел од истрагата за инфилтрираните елементи на терористичката организација ФЕТО во Командата на жандармеријата на Турција наредено е лишување од слобода на петмина осомничени, меѓу кои и тројца активни службеници, јавува Агенција Анадолија (AA).
Налогот за приведување е издаден од Обвинителството во Анкара, кој издаде ваква мерка по собраните докази дека станува збор за лица кои се поврзани со терористичката организација ФЕТО.
Меѓу приведените се двајца поручници и еден подофицер, кој се во активна служба, и претходно суспендиран капетан и питомец на воената академија.
Постапувајќи по налог, турската полиција започна акција за нивно приведување.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
Припадниците на таа терористичка организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, приврзаниците на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и крвавиот неуспешен обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обид за пуч, кој го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската Војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.