Ali Korkmaz
17 Септември 2019•Ажурирај: 19 Септември 2019
ИЗМИР
Али КОРКМАЗ
Оваа година во Турција се фатени 269.059 мигранти, што е најмногу во последните неколку години. Мигрантите, Турција, поради нејзината положба, ја користат како транзитна рута кон земјите на Западот. Секоја година илјадници луѓе поради војна, глад, сиромаштија и други причини ја напуштаат својата земја и се обидуваат, во потрага за подобар живот, да стигнат до Европа, пишува Anadolu Agency (AA).
Некои се обидуваат преку Турција да преминат во Грција, но на тој пат неретко страдаат. Исто така, многумина од нив, во нивниот опасен потфат се спасени од тимовите на крајбрежните стражи.

Турција ја продолжува борбата против нерегуларните миграции и настојува да ги спречи илегалните заминувања кон Европа. Чести се патролите на припадниците на безбедносните сили, како на копно, така и на море.
Податоците на Генералната дирекција за управување со миграции покажуваат дека во Турција од 1 јануари до 12 септември 2019 година биле задржани 269.059 мигранти.
Проценките покажуваат дека овој број би можел додатно да се зголеми до крајот на годината.
Во Турција, во последните 15 години се фатени околу 1,5 милион непријавени мигранти, од тоа само минатата година 268.003.
Бројот на фатени мигранти од 2015 година изгледа вака:
Година | Број на мигранти |
2015. | 146.485 |
2016. | 174.466 |
2017. | 175.752 |
2018. | 268.003 |
2019. | 269.059 |
Оваа година се фатени 117.437 мигранти од Авганистан, 43.204 од Пакистан и 29.796 од Сирија.
Број на мигрантите фатени во 2019 година според земјите на потекло:
Земја | Број на мигранти |
Авганистан | 117.437 |
Палестина | 8.168 |
Грузија | 1.500 |
Ирак | 8.404 |
Иран | 5.491 |
Молдавија | 139 |
Мјанмар | 157 |
Пакистан | 43.204 |
Сирија | 29.796 |
Останати | 54.763 |
ВКУПНО | 269.059 |
Тракија е подрачје во кое се фатени најголем број мигранти. Само во Едрене досега се фатени 73.978 мигранти. Поголемиот дел од нив доаѓаат од Пакистан и Авганистан.
Кога станува збор за подрачјата на брегот на Егејското Море, во 920 интервенции се процесуирани 31.641 мигрант. Уапсени се 44 лица кои се занимавале со организација на илегални преминувања на границата. Во истиот период во Егејското Море настрадаа најмалку 28 лица.
Во Егејското Море минатата година беа фатени 25.398 мигранти, а 65 загинаа.