Hakan Çopur
18 Јули 2016•Ажурирај: 19 Јули 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Договорот за екстрадиција кој помеѓу Република Турција и САД е на сила три ипол децении прецизно одредува дека извршувањето на кривично дело или поттикнувањето на истото против претседателот или премиерот на државата или нивните семејства нема да има карактер на политичка вина, a токму со тој дел на Договорот, САД по барање на Турција би требало да изврши екстрадиција на Фетулах Ѓулен, кој е лидер на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористичката организација Фетулахчи/Паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) во петок вечерта имаше неуспешен обид за државен удар во Турција со посредство на своите поданици кои претходно се инфилтрирани во турските вооружени сили. Откако обидот за пуч беше задушен, очите на јавноста се вперени кон САД, во исчекување дали официјален Вашингтон ќе изврши екстрадиција во Турција на водичот на организацијата, Фетулах Ѓулен.
Договорот за екстрадиција на криминалецот и взаемната помош во кривичните постапки помеѓу Турција и САД, е потпишан на 7-ми јули 1979 година, а на сила стапи на 1-ви јануари 1981 година.
Случаите за одбивање на барањето за екстрадиција се наведени во член 3, Параграф a) во кој се наведува дека државата на другата страна не е обврзана да изврши екстрадиција на осомничениот за дело од политички карактер со цел да се спречи некој да биде казнет поради политички ставови или дејствувања.
Меѓутоа, во продолжението на текстот на Договорот се наведува и исклучок кој може да се примени и на случајот на Ѓулен.
„Политичкиот карактер нема да има кривични дела кои се сторени против претседателот на државата, премиерот или членовите на нивните семејства” , се наведува во Договорот, а токму оваа одредба наметнува дека Ѓулен нема да биде третиран како политички осомничен.
Ѓулен како „ водич на неуспешниот воен удар ”, повеќе нема правна основа за избегнување на екстрадицијата, а за кое до сега често се повикуваше на „различноста на политичките погледи ”.
По неуспешниот обид за воен удар и соборување на легалната влада и претседателот во Турција, Ѓулен остана без законска основа која би ја спречила неговата екстрадиција од САД во Трција, а се очекува интензивирање на контактите на релација помеѓу Анкара и Вашингтон во врска со процесот на екстрадиција.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган по загушениот државен удар ги повика властите на САД да извршат екстрадиција на Ѓулен во Турција, водичот на организацијата која е одговорна за овој обид.
Обвинителството во Анкара пред неколку дена, на турското Министерство за правда предаде документација со барање за изрекување на Ѓулен, првоосомничениот во истрагата за терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, а Министерството е задолжено за праќање на таа документација на надлежните институции на САД.
Во документацијата се наведува дека Ѓулен извршил низа на кривични дела вклучувајќи тешки измами, фалсификување на службени документи, завера, перење на нелегално стекнат имот, нелегално прислиушкување и снимање на разговорите на луѓето, кршење на правата на приватност и нелегално собирање на лични податоци на луѓето.
„Џематот кој е основан и предводен од осомничениот Фетулах Ѓулен е инфилтриран во војни, правосудни, полициски и бирократски институции. Тој кадар ја злоупотребува религијата. Со организацијата управува Фетулах Ѓулен. Неговите специјални наредби од странство ги донесуваат специјални курири. Општите наредби се шират во кодово за време на дружење и разговори. Членовите на неговата организација се наоѓаат во сите институции Турција”, се наведува во делот на документацијата која ја подготви турското обвинителство.
И покрај се, Турција во официјалното барање за екстрадиција на Ѓулен ќе ја наведе и документацијата која е обвинета за покренување на државниот удар. Останува да се види во која правна насока ќе се движи процесот на екстрадиција кој има законска основа и темел во билатералниот договор помеѓу двете земји.