Muhammed Boztepe
07 Август 2019•Ажурирај: 08 Август 2019
АНКАРА
Сезер Ишик, кој се наоѓа на сивата листа на барани терористи, бил меѓу четворицата терористи убиени за време на операцијата спроведена од страна на турската жандармерија во областа Бингол, на 20 јули, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека во рамките на внатрешните безбедносни операции, Командата на турската жандармерија на 20 јули изврши операции во областа Карлиова во Бингол, каде што беа неутрализирани четворица терористи.
Еден од неутрализираните терористи бил и Сезер Ишик со кодно име „Kaва“, кој се наоѓа на сивата листа на терористи, за кого имаше распишано награда од 300.000 лири (околу 55.000 долари).