Meltem Bulur
28 Декември 2016•Ажурирај: 29 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Благодарение на активната надворешна политика, Турција била домаќин на повеќе од 80 светски лидери на бројните самити организирани оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
На Светскиот хуманитарен самит присуствуваа најмалку 55 лидери на земји, на 13. Самит на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) 27, а на 23. Светски енергетски конгрес присуствуваа тројца лидери.
На овие самити и конгреси присуствувале многубројни заменици на премиери, министри како и претставници на меѓународни организации.
На Светскиот хуманитарен конгрес одржан во Истанбул, присуствуваа американскиот претседател Барак Обама, претседателот на Русија Владимир Путин, како и германската канцеларка Ангела Меркел. Самитот беше одржан на 23-24. мај во Истанбул, а учествуваа 173 земји, со над 10.000 луѓе. На самитот беа организирани неколку тркалезни маси, специјални сеанси, како и 120 споредни активности. Учесниците на самитот имаа можност да разговараат за проблемите во светот, како и за можните решенија со цел да се изгради мирен и сигурен амбиент.
На 13. Самит на ОИЦ се најдоа лидери на бројни исламски земји кои разговарале за заканите со кои се соочува исламскиот свет, како и за можните решенија за тие проблеми. Самитот е одржан во Истанбул од 10. до 15. април. На самитот учествуваа 21 шеф на држава, шест шефови на влади, девет потпретседатели и заменици премиери, 12 министри, како и претставници на Кримските Татари, сириската опозиција, муслимани од Аракан, односно Рохинџа муслимани. Со завршување на самитот, Турција ја објави „Истанбулската декларација“, со пристап до решенија за проблемите со кои се соочува исламскиот свет.
На 6. Форум на партнерство за Сомалија, одржан во Истанбул, шефовите на држави и влади од регионот разговараа за мир во Сомалија, нејзиниот развој, како и меѓународна помош. Самитот е одржан 23. и 24. февруари, а него присуствуваа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, сомалискиот претседател Хасан Шеик Мохамуд, како и заменикот на генералниот секретар на ОН, Јан Елиасон.
Најистакнатите претставници на енергетскиот сектор се собраа на 23. Светски енергетски конгрес за да разговараат за темите од нивната област. Тогаш е потпишан договорот за изградба на гасоводот „Турски тек“, со кој рускиот гас преку Турција ќе биде доставен до Европа. Конгресот се одржа од 9. до 13. октомври во Истанбул.
Во Анталија, од 27. до 29. мај се одржа состанок на лидерите од најмалку развиените земји организиран од Обединетите нации (ОН). На оваа тридневна конференција беа реализирани четири тркалезни маси, а присуствуваа претставници од африканските, азиските и од други земји.
Од 10. до 20. јули во Истанбул се одржа седница на Комитетот на УНЕСКО. На панелот на 40. седница на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, одржан на 15. јули, донесена е одлука и надгробните споменици да се вметнат на Листата на светското културно наследство. Во рамките на седницата детално се истражувани извештаите за заштита на 156 споменици, од вкупно 1.031 кои се наоѓаат на листата.