İzzet Mazi
17 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
КИЛИС (АА) - Државјанин на Босна и Херцеговина, Бегзад Спахиќ (37), кој е член на терористичка организација ДЕАШ, беше уапсен во југоисточниот турски град Килис, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската полиција и жандармерија спроведоа акција на локацијата Инани, во близина на границата со Сирија, и во таа прилика уапси група од пет членови на терористичката организација ДЕАШ.
Кај нив беше запленета значителна количина на експлозив и елеци кои ги користат бомбашите-самоубијци.
Освен државјанинот од БиХ Бегзад Спахиќ, за кој претходно беше распишана црвена потерница, беа уапсени и четворица државјани од Азербејџан Серкан Алиев (29), Гулнур Сирмемемдова (37), Назанин Зејналова (42) и Aнактакнир Поздива (44).
Сите оове лица беа зведени пред судот во Килис, и им е одреден притвор под сомнение за сторено кривично дело членување во терористичката организација ДЕАШ и поседување експлозив.
Турските безбедносни сили претпоставуваат дека терористите на ДЕАШ планирале да се извршат самоубиствен напад во регионот.
Со пет терористи кои беа уапсени во Килис имаше и две деца.