АНКАРА (АА) – МУРАТ ТЕМИЗЕР -
Турција, за да ја зголеми силата на пазарот на енергетика и за да обезбеди енергетска независност со три брода за сондажа и со два брода за сеизмички истражувања продолжува да го вее турското знаме во Источниот Медитеран, пишува Агенција Анадолија (АА).
Откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека се откриени 320 милијарди кубни метри резерви на природен гас во дупчењето во областа Сакарја, кое започна на 20 јули, се очекуваат нови чекори за откривање на јаглеводорот.
Турските поморски истражувања и проекти за добивање сеизмички податоци во областа продолжуваат. Овие активности претходно се спроведуваа во форма на набавка на услуги, благодарение на сеизмичко истражувачкиот брод „Барбарос Хајретин Паша“ од 2012 година се спроведува со сопствени можности.
Бродот „Барбарос Хајредин Паша“, кој беше набавен за 130 милиони долари на 31 декември 2012 година, способен е да изврши дводимензионално и тридимензионално сеизмичко истражување и испитување на геолошките структури на осум километри под морето. Бродот кој има бруто тежина од 4.711 тони, преку сателитска комуникација може автоматски да го одреди правецот и позицијата. Бродот е долг 84 метри, а широк 21,6 метри. Исто така има и писта за хеликоптер.
Бродот работи со дизел погон. „Барбарос Хајретин Паша" е опишан како еден од најпознатите еколошки бродови со својот сеизмички извор на звук, високо карактеристични каталитички конвертори и системи за чистење на вода.
- Локален успех „Оруч Реис“
Изградбата на другиот турски сеизмички истражувачки брод, МТА „Оруч Реис", започна во 2012 година со домашни капацитети. Бродот, во август 2017 година започна со операции.

Бродот „Оруч Реис“ опремен е со современи погонски и маневрирачки системи способни за извршување на двојни и тродимензионални длабоки сеизмички студии на море. Покрај истражување на нафта и природен гас, бродот се користи и за научните истражувања.
Со „Оруч Реис“ може да се гледаат геолошки структури на длабочина од 15 илјади метри. Со современото далечинско контролирано подводно возило (ROV) може детално да се следи морското дно на длабочина од 1500 метри. Со земање примероци од морската вода и од дното се прават мерења и анализи.
Бродот е долг 86 метри, а широк 22 метри. Со резервоарите за гориво и вода може на море да остане 35 дена. Економскиот век на бродот е 30 години. Во бродот работат 55 лица од кои 28 се истражувачи и 27 морнари. На бродот има 35 активни камери под различни агли.
Бродовите „Хајредин Паша“ и „Оруч Реис“ се сеизмички истражувачки бродови кои продолжуваат да работат во морињата.
-Бродови за сондажа
Првиот национален брод за сондажа на е бродот „Фатих“ кој во 2017 година се приклучи во инвентарот на Турската нафтена корпорација.

Опремен со системот за контролирано дупчење со притисок, бродот „Фатих“ на 29 октомври 2018 година го започна дупчењето на длабокиот води во Аланија-1. „Фатих" на 29 мај на 567-годишнина од освојувањето на Истанбул беше испратен од пристаништето Хајдарпаша во Истанбул за да го изврши првата национална сондажа на Црното Море.
По подготвителниот период, бродот „Фатих“ на 20 јули крај брегот на Зонгулдак на длабочина од 3.500-4.000 метри ја започна првата сондажа.
Бродот „Фатих“ е долг 229 метри, а широк 36 метри. Изграден е во Јужна Кореја во 2011 година. Опремен е со висока технологија наречена 6-та генерација.
Во процесот на „надградба“, бродот „Фатих“ ја обнови целата потребна техничка опрема, вклучително и опрема за дупчење, системите за контрола на бунарите, системите за динамичко позиционирање и генераторите. Со тоа бродот „Фатих“ излезе од својата класа во која има 16 бродови и стана една од првите 5 брода во светот со ваква висока технологија.
Бродот „Фатих“ има можност да дупчи на длабочина од 12.200 метри, што е подлабоко од Маријанскиот ров - најдлабоката дупка на светот. Должината на „Фатих“ е скоро колку Ајфеловата кула.
Благодарение на активниот систем за позиционирање, „Фатих“ има можност да ги продолжи своите операции дури и на бранова должина од 6 метри, и е брод што се покажа дека може да работи и во најтешките услови за работа.
- Бродот за сондажа „Јавуз“
Во рамките на „Националната политика за енергија и рудници“ на Турција, со цел да ги зголемат своите активности за истражување и дупчење во инвентарот се приклучи во 2018 година.

„Јавуз“, исто како „Фатих“ е Шестата генерација на бродови за ултра длабоки морски сондажи. Долг е 230 метри, а широк 36 метри. Бродот дизајниран е со двојна кула.
Изградбата на „Јавуз“ е завршена во 2011 година. Претходно работеше во различни земји, како што се Танзанија, Кенија, Малезија и Филипини.
„Јавуз“, кој е еден од 16 бродови во овој концепт во светот, има спортска и кино сала и простории за одмор. Исто така во бродот постои и мини-болница со 4 кревети со редовен лекар.
- Бродот за сондажа „Кануни“
Последниот турски брод кој ќе го истражува јагледводордниот потенцијал на е бродот „Кануни“.
„Кануни", кој е третиот брод за сондажа на Турција, на флотата се приклучи на почетокот на 2020 година.
Изграден во 2012 година, бродот е долг 227 метри и широк 42 метри. Бродот продолжува да се развива во пристаништето Мерсин Ташуџу.
- Пловечки терминали за складирање и прилагодување на природниот гас
За да се обезбеди безбедност на снабдувањето со природен гас покрај капацитетите на копно Турција има и различни капацитети на море. Активни пловечки терминали за складирање и прилагодување на природниот гас има во Измир Алипаша и Хатај Дортјол.
Продолжуваат работите за третиот терминал, кој се планира да се отвори во заливот Сарос.
Терминалот во Алипаша на системот за природен гас дневно може да снабдува 28 милиони кубни метри гас.
Терминалот Боташ-Дортјол привлекува внимание како еден од објектите со најголем капацитет за складирање во светот со капацитет за складирање на природен гас од 263 илјади кубни метри.
- Големо откритие во Црното Море
Турскиот брод за сондажа „Фатих“ кој ја направи првата национална сондажа на длабоките води во Црното Море, во Сакарија откри 320 милијарди кубни метри резерви на природен гас.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека со бродот за сондажа Фатих Турција во Црното Море пронајде најголеми резерви на природен гас во својата историја.
Откривањето на природниот гас во Црното Море ја отвора вратата за нова ера во однос на истражувањето и производствените активности што Турција треба да ги изврши на море.