Esra Tekin
23 Септември 2026•Ажурирано: 23 Септември 2026
Првата дама на Турција, Емине Ердоган, изрази надеж дека „силниот повик“ на претседателот Реџеп Таип Ердоган во Генералното собрание на ОН за свет заснован на мир, човеково достоинство и правда ќе допре до совеста на меѓународната заедница, јавува Анадолу.
Емине Ердоган го следеше говорот од салата на Генералното собрание, каде што претседателот Ердоган се обрати во Генералното собрание на ОН, откако двајцата заедно пеш дојдоа од Турската куќа, односно Центарот „Туркеви“, до седиштето на ОН.
„Ердоган, гласот на правдата. Нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган ѝ се обрати на човечноста од подиумот на 81-то Генерално собрание на ОН. Се надевам дека неговиот силен повик за свет заснован на мир, човеково достоинство и правда ќе допре до совеста на меѓународната заедница“, напиша таа на својот профил на социјалните мрежи.