Gorana Jakovljevic
27 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Март 2021
АНКАРА
Луѓето низ Турција синоќа беа сведоци на прекрасната глетка на полната Месечина на небото во таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фотографиите на полната Месечина, лунарната фаза кога Месечината од перспективата на Земјата е во потполност осветлена, ја забележаа репортерите на АА во Анкара и во областа Елазиг.

Фоторепортерот на АА ја забележа појавата на полната Месечина над местото Палу во областа Елазиг, додека фоторепортерот во Анкара ја фотографираше силуетата на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција, под полна Месечина, како и полната Месечина зад полумесечината и ѕвездата, симболите на турското знаме.
