İlkay Guder
20 Јули 2017•Ажурирај: 20 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес имаше телефонски разговор со претседателот на Палестина, Махмуд Абас, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што потврдија извори од Претседателството на Турција, Ердоган и Абас разговарале за сѐ почестите напади врз Палестина, нагласувајќи ги мерките за забрана во врска со комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим.
Во раговорот меѓу двајцата претседатели, нагласено е дека е неприфатливо кршењето на правата на Палестина и Палестинците од страна на Израел, а особено е изразена загриженост поради интензивираните напади и забрани во Ерусалим.
Ердоган нагласи дека зачувувањето на толку значајна џамија како што е Ал Акса во Ерусалим, е од огромно значење за целиот исламски свет.
Претседатеот Абас му се заблагодари на Ердоган за поддршката што Турција ѝ ја дава на Палестина.