Lale Bildirici
31 декември 2015•Ажурирај: 01 јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Обилни снежни врнежи во Истанбул кои почнаа вчера и траеа во текот на целата ноќ предизвикаа сообраќаен колапс во најнаселениот град во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на Координативниот центар за кризни ситуации на градот Истанбул, снегот го отежна одвивањето на сообраќајот а екипите на комуналните претрпијатија имаа полни раце работа за време на целата ноќ.
Во Истанбул денеска во период од 5 до 12 часот дојде до 73 сообраќајни несреќи, во кои едно лице смртно страдаше а 20 се повредени.
Висината на снежната покривка во одредени делови на Истанбул како што се Картал, Бејкоз и Силе достигна и до 30 сантиметри. Од Државниот метереолошки завод е соопштено дека снегот би можел да паѓа и до утре навечер.
Во повеќе делови од градот интервенираа возилата за чистење на снегот, а комуналните екипи на улиците на градот за време на последните 24 часа искористија 11 илјади тони сол.