Diyar Güldoğan
13 Март 2023•Ажурирај: 14 Март 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу денес изјави дека бројот на загинати во силните земјотреси кои ја погодија јужна Туркије минатиот месец се зголемил на 48.448, јавува Анадолу.
„6.660 од загинатите се странски државјани“, рече Сојлу на прес-конференцијата заедно со министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој во турската областа Малатија која беше погодена од земјотресот.
„Отстранувањето на урнатините е во тек“, додаде тој.
На 6 февруари, земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер погодија 11 области - Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатја, Османије и Шанлиурфа.
Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије се засегнати од разорните земјотреси, како и многу други во северна Сирија.