Ferdi Türkten
01 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во информацијата од Кабинетот на претседателот на Република Турција се наведува дека Ердоган и Меркел разговарале за билатералните односи меѓу двете земји и за борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19).
Меѓу другото, на средбата станало збор и за регионалните прашања, првенствено за Либија и Сирија.