?kipa
27 Февруари 2018•Ажурирај: 27 Февруари 2018
ХАТАЈ (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ што ја спроведуваат во подрачјето на сирискиот град Африн, фатија двајца терористи што се обиделе да се скријат меѓу цивилите, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските сили на 20 јануари ја започнаа операцијата „Маслинова гранка“ во подрачјето на Африн со цел неутрализирање на терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ, спасување на локалното населените од притисоците и угнетувањето што го спроведуваат терористите и воспоставување безбедност и стабилност во подрачјето и на границата меѓу двете земји.
Во рамките на операцијата, турските војници кои напредуваат во руралните делови на Африн, во подрачјето расчистено од терористите открија двајца терористи на ЈПГ/ПКК што се обиделе да се скријат меѓу цивилите.
Фатените терористи се префрлени во Турција, но тврдат дека се овчари што дошле во подрачјето да одгледуваат стока.
Меѓутоа, во телефоните на терористите се откриени документи на ЈПГ/ПКК, по што судот пред кој беа изведени им додели мерка притвор.