Barış Gündoğan
14 Октомври 2022•Ажурирај: 14 Октомври 2022
АНКАРА (АА) – Во операција во северна Сирија, турската разузнавачка агенција МИТ неутрализира водач на терористичката организација ЈПГ/ПКК, соопштија безбедносни извори, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Неждет Дагларер, со кодно име „Гели Серхан“, е неутрализиран од Националната разузнавачка организација (МИТ) во регионот Шадади, каде што се наоѓа бригадата „Каврес“ на терористичката организација – една од најголемите дивизии на ЈПГ/ПКК во Сирија“, велат изворите, кои побараа да останат анонимни поради ограничувањата за зборување за медиумите.
„Дагларер долго време бил следен од МИТ поради неговите акции во Туркије и кон Турските вооружени сили во Сирија“, нагласуваат изворите, додавајќи дека тој се приклучил на ПКК во 2009 година и лично бил вклучен во вооружените активности на терористичката организација во Семзинан, источна Туркије, во близина на границата со Иран.
По неговите активности во Туркије, тој според наводите, отишол во Ирак, а потоа во Сирија во 2016 година и одиграл активна улога во давањето насоки за време на две од антитерористичките операции на Туркије во северна Сирија, операцијата „Штитот на Еуфрат“ и операцијата „Извор на мирот“.
Тој дејствувал како водач на бригадата „Каврес“, а неговото неутрализирање сериозно ќе ја ослабне терористичката организација во Сирија, нагласуваат изворите.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 лица, меѓу кои жени, деца и доенчиња.