Kübra Chohan
17 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
ХАТАЈ (АА) - Военото засилување денес пристигна на турско-сириската граница во турската област Хатај, вклучувајќи и тенкови, јавува Anadolu Agency (AA).
Четирите тенка, испратени во саботата, беа распределени до пограничните единици откако стигнаа во подрачјата на Хатај, Хаса и Кирикхан.
Лицата кои живеат во близина на границата може да се видат како мавтаат со турските знамиња од нивните домови.

Турските безбедносни сили во саботата погодија неколку цели на ПЈД/ПКК во Африн, долж турската граница со северна Сирија, со цел да спречат формирање на терористички коридор долж границата.
Се очекува започнување на операцијата за Африн, по успешната седуммесечна операција „Штитот на Еуфрат“, која заврши во март 2017 година.
Во неделата, коалицијата предводена од САД во Сирија најави дека заедно со Сириските демократски сили (група контролирана од страна на терористичката организација ПЈД/ПКК), работи на формирање и обучување на нови Сили за безбедност на сириската граница.
Турција долго време протестираше за поддршката на САД кон ПЈД/ПКК (сириски огранок на терористичката организација ПКК и нејзиното воено крило ЈПГ), додека Вашингтон ја нарече организацијата 'сигурен сојузник' во борбата против ДЕАШ во Сирија.
ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, ја продолжи својата вооружена кампања против Турција во јули 2015 година.