Orhan Onur Gemici
10 Март 2018•Ажурирај: 11 Март 2018
АНКАРА - ОРХАН ГЕМИЏИ
На целата територија на Турција во тек се операции против тероростичките елементи од страна на специјалните единици на жандармеријата и единиците на командоси, координирани од Генералната команда на жандармеријата на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Минатата година во Турција се спроведени 51.798 операции во кои се неутрализирани 1.278 терористи.
Во понатамошните истражувања, откриено е дека во акциите поддржани од воздухопловните сили, се неутрализирани уште 323 терористи.
Со последните бројки, минатата година жандармеријата неутрализирала вкупно 1.601 терорист.
Во операциите против сепаратистичката терористичка организација ПКК, уништени се 1.807 засолништа на организацијата, од кои 268 празни и 1.539 засолништа во кои се најдени материјали и опрема.
Запленета опрама
Во засолништата и скривалиштата на терористите и во полињата откриени се 1.834 пешадиски пушки, 100 автоматски пушки, 453 пиштоли, 166 ракети, минофрлачи и лесно противтенковско оружје, 6 фрлачи на бомби, 21 проектил, 24 противавионски митралези, 718.834 парчиња муниција, 3.154 рачни бомби и 71 тон и 131 килограм експлозивен материјал.
Споредено со претходната година, освен во количеството на запленет експлозив, забележано е големо зголемување во запланетото оружје и муниција.