Durmuş Genç
07 Април 2022•Ажурирај: 07 Април 2022
ИЗМИР/МУГЛА (АА) - Турската крајбрежна стража спаси 160 нерегуларни мигранти во одделни операции, јавува Агенција Анадолија (АА).
Единиците на крајбрежната стража спасија 59 нелегални мигранти во Егејското Море во близина на југозападниот брег на земјата.
Постапувајќи по дојава, тие ги пронашле мигрантите во чамец за спасување во близина на брегот на Карабурун во областа Измир.
„Тие се вратени од грчките сили во турските територијални води“, изјавија извори од крајбрежната стража кои побараа да останат анонимни.
Покрај тоа, турската крајбрежна стража спаси вкупно 64 нерегуларни мигранти во два гумени чамци во близина на брегот на областа Чешме во Измир.
Друга група од 18 нерегуларни мигранти, кои беа турнати од грчките сили во турските територијални води, беа спасени од турската крајбрежна стража во близина на брегот на областа Мармарис во провинцијата Мугла.
Во посебна операција, единиците на крајбрежната стража открија и 19 нерегуларни мигранти во два гумени чамци во близина на брегот на Бодрум во западната област Мугла.
Сите илегални мигранти се однесени во обласните канцеларии за миграции.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогон.
Турција и групите за човекови права континуирано ги критикуваат грчките нелегални практики на истуркување на мигрантите назад кон турските територијални води, нагласувајќи дека тоа ги крши хуманитарните вредности и меѓународното право, и ги загрозува животите на ранливите мигранти, меѓу кои има и деца и жени.
Турција е веќе домаќин на 4 милиони бегалци, повеќе од која било друга земја во светот, и презема нови безбедносни мерки на своите граници за да спречи нов прилив на мигранти.