Sena Güler
27 Март 2019•Ажурирај: 27 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција во Истанбул заплени 541 епрувета змиски отров, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите за борба против криумчарење при Директоратот за безбедносни работи во Истанбул организираа акција по дојава дека две осомничени лица имаат намера да продадат отров од кобра на одредени фармацевстки компании.
Осомничените лица со иницијали Џ.Џ. и Е.Д. се уапсени во подрачјето Ѓунѓорен на 20 март.
Лабораториската анализа потврди дека станува збор за отров од кобра.