Zehra Nur Düz, Ali Murat Alhas
13 Август 2021•Ажурирај: 13 Август 2021
АНКАРА
Турски војник е убиен од заседа што терористичката организација ПКК ја постави во северен Ирак, соопшти турското Министерство за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството на својот профил на социјалните мрежи соопшти дека војникот е тешко ранет во минофрлачки напад во областа на операцијата „Канџа-молња“ на Турските вооружени сили, а подоцна им подлегна на раните, и покрај укажаната медицинска помош.
„Турските сили брзо им возвратија на напаѓачите, а според првичните извештаи, тројца терористи на ПКК се неутрализирани“, соопшти Министерството, додавајќи дека операцијата во регионот сѐ уште е во тек.
Турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, изрази сочувство за војникот.
ПКК е сепаратистичка организација што се наоѓа на списокот терористички организации во Турција, Европската Унија и во САД. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.