Ekipa
24 Март 2019•Ажурирај: 25 Март 2019
БУРСА (АА) - Турските компании треба да се фокусираат на брендирање на бараните производи за извоз, истакна основачот на водечки традиционален турски синџир на храна.
„Тоа го постигнавме со ѓеврекот“, изјави за Anadolu Agency (AA) Абдула Кавукџу, извршниот директор на „Simit Sarayi“.
Кавукџу рече дека компанијата не само што извезува ѓевреци туку и опрема за своите ресторани.
„Ние создадовме бренд, а исто така ја извезуваме нашата вредност на брендот“, вели тој.
Кавукџу препорачува турските фирми да постават систем кој може да доставува стока произведена во Турција директно до потрошувачите од целиот свет.
Тој нагласи дека компанијата произведува над 60 пекарски продукти во Турција.
„Во моментов вршиме извоз во 25 земји и добиваме 67 отсто од нашиот промет од странство“, рече тој.
„Оваа година имаме за цел да го зголемиме тоа на 75 отсто.“
Кавукџу, исто така, потсети колку турскиот чај станал познат во странство.
„Има голем интерес за нашиот црн чај, кој се служи во интересни чаши во облик на песочен часовник. Ние ги носиме и ги продаваме традиционалните турски чаши за чај во странство“, рече тој.
Нагласи дека само 1 процент од неговите потрошувачи од странство се Турци, додека останатите се странци.
„Најважното во малопродажбата е локацијата. Ако компаниите сакаат да бидат успешни, тие треба да ги изберат најдобрите локации за отворање на своите продавници“, рече тој.
Кавукџу рече дека компанијата има за цел да го прошири својот бренд „Simit Sarayi“ низ целиот свет.
„Simit Sarayi“ има продавници во 25 земји во светот, меѓу кои во САД, Велика Британија, Холандија, Шведска, Германија и Белгија, со околу 1 милион потрошувачи на дневна база.