Sarp Özer
17 Септември 2021•Ажурирај: 17 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, се состана со министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај во Анкара, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се вели дека Акар со воена церемонија го пречекал Мехај кој по негова покана реализира посета на Турција.
По тет-а-тет средбата, Акар и Мехај преминаа на меѓуделегациска средба.
На оваа средба е разговарано за прашањата во врска со билатералната и регионалната одбрана и безбедност.
Турскиот министер изрази задоволство од нивото на пријателските односи меѓу двете земји.
Исто така, на средбата е укажано на продолжување и зголемување на соработката во воената обука и одбранбената индустрија.