Serdar Dincel
31 Октомври 2024•Ажурирај: 31 Октомври 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер денес се состана со неговиот катарски колега Калид бин Мохамад ал Атије за време на неговата посета на Катар, соопшти турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.
Состанокот беше одржан во катарската престолнина Доха, откако Ѓулер беше пречекан со воена церемонија, соопшти Министерството на социјалната мрежа Х.
Од Министерството не соопштија дополнителни информации за средбата.
Јашар Ѓулер од вчера престојува во официјална посета на Катар.