Muhammet Emin Avundukluoğlu
07 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
АНКАРА (АА) – Турскиот Парламент го ратификува Парискиот договор за климатските промени, со цел да даде придонес во глобалните напори против климатските промени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сите политички партии во турскиот Парламент гласаа за договорот.
Парискиот договор за климатските промени е прв глобален климатски договор кој ги обврзува богатите и сиромашните земји да запрат со растот на емисиите на стакленичките гасови, кои се сметаат за главен причинител за затоплувањето на Земјата.
Договорот е постигнат во Париз на 12 декември 2015 година, а земјите потписнички се обврзаа дека глобалното затоплување ќе го ограничат на „значително помало“ ниво од 2 степени Целзиусови.