İlkay Güder,Fuat Kabakçı
02 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
СЕУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во рамките на неговата посета на Јужна Кореја беше пречекан со свечена церемонија од страна на претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган беше пречекан пред претсдателската палата позната како „Сина куќа“ од страна на неговиот јужнокорејски колега, Мун Џае-ин, а потоа беа интонирани химните на двете земји.
Двајцата лидери ги поздравија делегациите на двете земји.
Ердоган, при посетата на Јужна Кореја е придружуван од страна на началникот на Генералштабот на турската Армија, Хулуси Акар, вицепремиерот Хакан Чавушоглу, министерот за наука, индустрија и технологија, Фарук Озлу, министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за енергетика и природни ресурси, Берат Албајрак, министерот за економија, Нихат Зејбекчи, министерот за царина и трговија, Булент Туфенкчи, министерот за култура и туризам, Нуман Куртулмуш, како портпаролот на кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин.