Fatma Zehra Solmaz
08 Април 2026•Ажурирај: 08 Април 2026
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција го поздравува синоќешниот прекин на огнот во конфликтот што го претвори регионот во распламтена зона од 28 февруари, јавува Анадолу.
„Очекуваме целосно спроведување на прекинот на огнот на терен, без да се остави простор за провокации или саботажи“, напиша Ердоган на турската платформа за социјални медиуми „NSosyal“.
Ердоган им честиташе на сите актери вклучени во процесот што доведе до прекин на огнот, особено на неговата пријателска и братска земја Пакистан.
„Наша искрена желба е на нашите географски простори, кои многу страдаа од војни, конфликти, тензии и угнетувања, наскоро да се постигне мир, спокојство и стабилност. Турција ќе продолжи да го крева гласот на мирот во својот регион и во светот“, додаде Ердоган.