Büşra Nur Çakmak
19 Август 2026•Ажурирано: 19 Август 2026
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и јапонската премиерка Санае Такаичи денес во телефонски разговор разговараа за билатералните односи и за регионални и глобални прашања, јавува Анадолу.
Ердоган истакна дека Турција ќе продолжи со напорите за понатамошен развој на односите со Јапонија во сите области, особено во одбранбената индустрија, инвестициите и трговијата, се наведува во соопштението на Дирекцијата за комуникации на Турција.
Ердоган рече дека преговорите се единствениот начин за решавање на конфликтот меѓу Иран и САД, додавајќи дека Турција ги поддржува дипломатските напори насочени кон постигнување траен мир и стабилност.
Турскиот претседател, исто така, уште еднаш изрази сочувство до Такаичи за загинатите во земјотресот што минатиот месец го погоди Кумамото.