Merve Berker
31 Јули 2021•Ажурирај: 01 Август 2021
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа тројца терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Терористите се неутрализирани откако отвориле оган врз турските сили во подрачјето на операцијата „Штитот на Еуфрат“ во северна Сирија, објави Министерството преку Твитер.
Турските сили во текот на изминатите четири години изведоа неколку успешни антитерористички операции во северна Сирија, по должината на сириско-турската граница: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019). Целта на овие операции беше ослободување на пограничниот појас од терористичките организации, спречување на формирањето терористички коридор и воспоставување безбедна зона за цивилите.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.